Правила за корисниците

Сите цени во оваа web-продавница се конечни на денот на нарачката и во нив веќе е вклучен ДДВ. Сите цени се изразени во денари. Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 2-7 дена, на домашна адреса или во локалната пошта. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот. Производот и поштенските трошоци ќе ги платите на денот на испорачување на производот. По комплетирањето на нарачката, истотака ќе добиете e-mail порака за потврда, која ќе ги содржи деталите од нарачката. Производот кој не ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето. Во овој случај, ве молиме писмено да не информирате за вашето барање и да го испратите на адреса: ИН-НЕХС, Козле 2, бр.18, 1000 Скопје. Во случај да барате враќање на парите, тоа право ќе можете да го остварите само ако производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена сметка во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе ви бидат вратени и намалени за трошоците за првичната испорака. Трошокот за испорака на вратениот производ е на сметка на Купувачот.

Информации за испорака

Производите нарачани во оваа web-продавница ќе ви бидат испорачани преку поштански оператор со кого NEXT COMPUTERS има скличено договор. Ако производот е во моментот на залиха, ќе го добиете во период од 2-7 дена, по нарачувањето. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе биде контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката. Производот можете да го платите при приемот на домашна адреса во готовина или со кредитна картичка при завршување на нарачката на банковна интернет страна за електронско плаќање со која NEXT COMPUTERS има склучено договор. Со самата регистрација како КУПУВАЧ и креирање на профил, КУПУВАЧОТ правно лице потврдува дека: е легално регистрирано и постои согласно законите на матичната замја, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на називот и е-маил адреса кои ги користи се валидни во времето на регистрација и процесирање на нарачката. При набавката клиентот добива фактура и гаранција (доколку производот подлежи под гаранција). Клиентот потпишува приемно предавателен протокол со кој потврдува дека стоката ја примил. Клиентот е должен да ја провери содржината на пратката дали е во согласност со нарачаната стока пред да го пополни протоколот и да ја плати во случај на плаќање при испорака.

За повеќе инфо обратете се на E-mail: info@in-next.com